Буфон: Италија има само еден вистински талентиран фудбалер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Италија не го заборава историскиот неуспех и пропуштањето на Мундијалот во Русија. Сепак, јасно е дека многу време ќе мора да помине додека тие се вратат во форма.

Италијанците во своите редови немаат голем број фудбалски мајстори, па репрезентацијата се врти околу два-три врвни играчи.

Производството на играчи во Италија е минимално, па мал број се млади талентирани играчи, а очигледно за тоа е свесен и Џанлуиџи Буфон, кој имаше привилегија во Јувентус да ја дели соблекувалната со голем број ѕвезди.

Буфон во последниот разговор за „Газета дело Спорт“ порача дека Италија во моментов има само еден вистински талентиран играч и тоа е Марко Верати.

„Верати е неверојатен играч. Во овој момент тој е вистински талент во италијанскиот фудбал поради својот карактер и пристап на натпреварите. Тој е добар и понекогаш другите играчи се мачат кога играат со него, зашто не го разбираат“, кажа голманот на ПСЖ.