Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се чини дека италијанскиот голман, Џанлуиџи Буфон дури и во 40. година е подготвен да направи уште еден интересен трансфер.
Буфон моментално е член на ПСЖ, тимот во кој премина изминатото лето откако му истече договорот со Јувентус, но многу е веројатно дека тоа нема да биде неговиот последен клуб во кариерата.
Имено, тој во разговор за италијанските медиуми порача дека не би имал ништо против еден ден да го облече дресот на Бока Јуниорс, а тоа би го направил само поради својот добар пријател Карлос Тевез.
„Ќе ви ја кажам вистината, од Бока никој засега не ме контактирал. Можам да ви кажам дека со Тевез имам големо пријателство затоа што тој е момче кое многу го сакам затоа што во Јувентус беше еден од најголемите предводници“, истакна Буфон и додаде:
„Ако Тевез ме повика, подготвен сум да направаш нешто лудо како тоа да заминам во Бока“.
Дали овој изненадувачки трансфер навистина ќе се случи, останува да видиме.