Вагнер најдобар во Премиер Лигата за месец август


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Давид Вагнер ја освои наградата за најдобар менаџер во Премиер лигата за месец август откако со неговиот Хадерсфилд Таун се уште не е поразен и по првите три кола се наоѓа на третото место на табелата.

„Ова е голема чест за мене, но јас сакам да ја подигнам наградата во име на целиот клуб, посебно за моите играчи. Се надевав дека добро ќе почнеме, но не го очекував ова. Сепак ова е само почеток и ние мора да бидеме фокусирани за идните натпревари“– коментираше Вагнер по добивањето на наградата.

Хадерсфилд на стартот успеа да забележи две победи против Кристал Палас и Њукасл, а ремизираше со Саутемптон.

Вагнер ја доби наградата пред Пеп Гвардиола, Јирген Клоп, Жозе Мурињо и Тони Пјулис кои исто така беа номинирани за менаџери на месецот.