Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид поминува тежок период и се соочува со голема криза, откако сезонава ги загуби сите битки за трофеи.
По поразот од Ајакс со 1-4 во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампиони, капитенот Серхио Рамос и претседателот Флорентино Перез имале жестока пресметка.
Рамос се карал повеќе од половина час со Перез, па потоа го напуштил „Сантијаго Бернабеу“. Немирите почнале уште по поразот од холандскиот тим, по што Перез решил да им одржи лекција на фудбалерите.
Наводно, Рамос го обвинил Перез дека е најголем виновник за тоа што се случува во клубот и му порачал дека сака да си замине.
Синоќа беше одржан уште еден состанок меѓу Рамос и Перез, но ништо ново немало на него. Според шпанските медуми, состанокот бил организиран само за да може на капитенот да му покаже кој е шеф во клубот.
Рамос има голема желба да ја заврши кариерата во Мадрид, но караницата со Перез не му носи добри вести и би можел да реши на крајот да си замине од редовите на „кралскиот клуб“.