„Вака не оди повеќе, мора да се сменат работите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот стопер на Арсенал, Вилијам Галас смета дека е време за големи измени во Лондон.

Венгер е 20 години на клупата на Арсенал, но на крајот на сезоната постои можност да замине од клублот.

Арсенал 13 години чека на титула, а оваа година е се појасно дека нема да освојат ништо.

Арсенал сфатија дека сезоната е повторно изгубена, а Галас смета дека е време за измени.

„Добивате критики кога не освојувате трофеи или не победувате во натпревар, а тоа е разлиата помеѓу Мурињо и Венгер. Мурињо сака секогаш да победи, а на крајот на сезоната понекогаш успева да освои нешто, но Арсенал од 2004 година не освои ништо.“

„Можеби дојде време да се смени нешто на крајот на сезоната. Не можеме да заборавиме што направи Арсен за клубот. Не можете лесно да го избркате, но би сакал на крајот на сезоната некој да седне и да разговара со него за вистинско решение за тимот.“