Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Флојд Мејведер само за две минути заработи девет милиони долари, откако во Јапонија го декласираше младиот Теншин Насукава.
Легендата на светскиот бокс трипати го урна 20-годишниот Јапонец во рингот, а по третиот нокаут тимот на Насукава побара крај.
Многумина се убедени дека мечот во Ризин е наместен, а такво мислење има и поранешниот борец Брендан Шауб.
„Мејведер е најголем бизнисмен во светот на спортот, но од ова што го видов, подобра глума има и во филмовите за возрасни. На Теншин му требаат часови за глума“, вели Шауб.