Вакви овации Меси не памети во кариерата: Навистина не се сеќавам на нешто поубаво…


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


На мечот кој беше одигран синоќа, Лео Меси доживеа овации какви што не памети.

Лео Меси беше феноменален во вчерашниот триумф на Барселона против Бетис, постигна хет-трик, на крајот беше 4:1 во корист на првопласираниот тим во Примера.

Имаше вакви натпревари аргентинскиот фудбалер во своето минато, но никогаш не му се случиле вакви овации.

Навивачите на Бетис со аплаузи ги испратија фантастичните потези на Лео Меси, имаше вистински овации, нешто што не се случува често во светот на фудбалот.

„Навистина сум благодарен на начинот на кој навивачите одговорија. Не се сеќавам на вакви овации од страна на противничките навивачи“, истакна Лео Меси.