Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на Барселона, Валверде во разговори за медиумите зборуваше за новата повреда на Дембеле.
Дембеле имаше проблеми со левата нога по натпреварот против Реал Сосиедад. Тој стигна во август за 105 милиони евра од Дортмунд, но пропушти голем број натпревари.
„Дембеле доживеа тешка повреда на самиот почеток на сезоната. Сега има мал проблем, кој е близок на претходниот. Не разговарав со него. Идејата е полека, но сигурно да го сместуваме во тимот. Не треба да се прават драми за тоа.“
Валверде потоа се наврати на натпреварот против Еспањол во рамки на ¼-финалето во кралскиот куп.
„Нашиот следен ривал е во добра форма. Не смееме ниту момент да се откажеме. Треба да бидеме фокусирани за да се пласираме во ½-финале.“