Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона синоќа го совлада Леванте со 3:0 и така избори пласман во четвртфиналето од Купот на Кралевите. Сепак, бурата околу првиот меч во кој Леванте славеше со 2:1 се уште не стивнува.
Имено, Мундо Депортиво објави дека младиот дефанзивец на Барселона, немал право на настап поради суспендираните картони од Б тимот на Барселона, но каталонскиот великан наскоро реагираше и тврди дека не направиле ништо против правилата, односно дека тој има право на настап во Купот.
Денес се огласи и Леванте кој упати жалба до ФС Шпанија. Во Леванте се надеваат дека Барселона ќе биде суспендирана, и дека така ќе се изборат за пласман натаму, но шансите за тоа се минимални, речиси и ги нема.
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде зборуваше за овој случај.
„Не направивме ништо што е спротивно на правилата. Не се чувствуваме виновни. Постапивме според правилата, а бевме запознаени со тоа дека младиот фудбалер има картони. Но, знаевме и дека имаме право да го користиме во Купот“, јасен беше Валверде.
Ждрепката за Купот на Кралевите е закажана за денес.