Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Валенсија славеа убедлива победа од 3:0 против Легањес и така ја продолжија низата на победи која трае осум натпревари со ред.
„Лилјаците“ дојдоа во водство во 14. минута преку Дани Парехо. На 2:0 зголеми Родриго со глава во 71. минута по одличниот центаршут на играчот на Манчестер Јунајтед кој е на позајмица во Валенсија, Андреас Переира. Конечниот резултат го постигна Санти Мина во 82. минута од белата точка.
Со оваа победа Валенсија се зацврсти на втората позиција во Примера со шест бодови повеќе од Атлетико Мадрид. На врвот Барселона им бега само за еден бод, но Каталонците имаат и натпревар помалку.