Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Речиси сигурно е дека Антонио Валенсија нема да остане во Манчестер јунајтед наредната сезона, а тоа го потврди и тренерот Оле Гунар Солскјер.
Искусниот фудбалер на лето доаѓа како слободен фудбалер на „Олд Трафорд“, а со неговото заминување капитенската лента ќе остане без сопственик.
Солскјер, наводно, решил кој да биде новиот капитен на „црвените ѓаволи“, а неговиот избор ќе биде испочитуван доколку остане во Манчестер и наредната сезона.
Солскјер смета дека Пол Погба треба да ја добие капитенската лента. Французинот ја доби и додека беше тренер Жозе Мурињо, но по проблемите реши да му ја одземе.
Во моментов Валенсија се мачи со повреди, па на неговата должност го менува Јанг, но Солскјер смета дека капитенската лента треба да биде токму на раката на Погба.