Ванда и Касано жестоко се скараа поради ситуацијата на Икарди во Интер (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Драмата околу Мауро Икарди уште нема свој епилог, а очигледно нема да заврши во брзо време. Аргентинецот не игра за Интер уште откако му беше одземена капитенската лента, а наводно причина поради тоа е повреда, но никој не му верува.

По мечот во Фиренца меѓу Фиорентина и Интер (3-3) на италијанска телевизија гостуваа Ванда Нара и Антонио Касано, кои се скараа поради ситуацијата на Икарди во Интер.

„Во фудбалот постојат многу неправди како пеналот за Фиорентина, однесувањето на Перишиќ и отсуството на Икарди од екипата. Некој кој се трудеше за Интер го претворија во чудовиште. Доста е со глупости. Мауро не прави ништо и повторно само лошо се пишува за него“, вели Ванда.

Касано не можеше да го премолчи коментарот на атрактивната сопруга на Икарди, па жестоко одговори на најзините зборови.

„Се борат за трето место и чекаат Икарди да се врати. Им требаат неговите голови и тој мора да го реши проблемот. Ако сака да замине од Интер на крајот на сезоната, нека го каже тоа и да завршиме со драмата. Мора да се биде човек до крај“, вели Касано.