Ван Бастен, Савичевиќ, Малдини, Барези, Симоне, Костакурта и нормално Жорж Веа! Тој Милан беше најсилен тим кој некогаш сум го видел!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Некогаш најдобриот играч на светот влезе во шестата деценија од животот.

    Легендарниот голгетер Жорж Веа вчера го прослави својот 50-ти роденден и порачува дека неговиот Милан, со кој тим освои две Скудета во 1996 и 1999 година, беше нешто најдобро што фудбалот можеше да добие.

    Најдобриот фудбалер на светот за 1995 година, роден на Либерија, каде што живееше во апсолутна сиромаштија, и понатака се држи лекција од најраната младост.

    „Имав тежок живот, немавхе храна, но не сакам да се враќам на тоа. Повеќе немам мајка, татко или мојата баба. Гледам во иднината. Благодарам, на Бог, наполнив 50 години и се надевам на добро здравје, што не е лесно. Сакам да работам за својата земја и луѓето во Либерија, да бидам во служба на хуманоста. Гледам спорт на телевизија како и секој 50-годишен човек. Се шегувам, секој ден во осум часот одам во теретана и ги одржувам мускулите во форма“, рече Веа за Газета дело Спорт, и додаде:

    Сегашниот Милан е далеку од тој во кој тој играше.

    „Гледав неколку натпревари, тоа беше незадоволувачко искуство. Но Милан е Милан, се надевам дека ќе биде се во ред. Луѓето на стадионот се тажни. Ако новите кинески сопствени можат да направат добар тим, зошто да не доаѓаат? Тоа може да биде како во Пари Сен Жермен. За составување на шампионски тим едноставно се неопходни пари“.

    Жорж Веа со својот Милан освои два шампионски трофеи, а објективно можеше и  далеку повеќе, со оглед дека на тоа дека во него покрај Жорж Веа играа  асови како што се Барези, Ван Бастен, Баџо, Савичевиќ, Бобан, Симоне, Костакурта…

    „Мојот Милан беше најсилен тим кој некогаш сум го видел. И понатака сум во контакт со Марко Симоне, кој ми беше секогаш како брат“, рече Веа.