Ван Бомел најде нов тренерски ангажман!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот тренерски ангажман, Марк Ван Бомел ќе го води ПСВ.

Поранешниот фудбалер на Баерн и Барселона победи во трката за тренер на ПСВ и во овој клуб од наредната сезона ќе ги води јуниорите, а тоа ќе му биде прв самостоен ангажман во тренерската кариера.

„Работата во ПСВ ќе биде добар предизвик, затоа што ќе имаме шанса самостојно да ги имплементирам моите идеи во тимот.“

Ван Бомел претходното тренерско искуство претходно го имаше во репрезентацијата на Саудиска Арабија, каде што и понатаму работи како помошник на Берт ван Марвијк.

Во богатата кариера како играч дури 2 пати имаше шанса да игра за ПСВ, а беше член и на Барселона, Баерн, Милан и Фортуна Ситард.