Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал уште еднаш упати жестоки зборови кон раководството на „ѓаволите“.
Ван Гал беше избркан од клубот откако во втората сезона откако седна на клупата не успеа да го внесе тимот во Лигата на шампионите, па и покрај тоа што го освои ФА Купот му беше врачен отказ.
Од тогаш, Ван Гал често ги критикува луѓето во Јунајтед, а со последната негова изјава можеби ќе се сложат повеќе фудбалски вљубеници.
„Манчестер Јунајтед кој го водев јас е комерцијален клуб. Целосно поинаков од Баерн. Шефовите, како Румениге и Хенес се поранешни фудбалери кои што знаат за што зборуваат. За нив фудбалот е најважното нешто, не парите, како што е во Јунајтед“ –коментираше Ван Гал.