Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Втора година по ред екипата на Вардар на идентичен начин останува без трофејот во Лигата на шампионите откако загуби во денешното финале против Ѓер со 27:26.
Во регуларните 60 минути натпреварот заврши без победник, 20:20, по што мораше да се играат две продолженија од по пет минути.
За жал во финалните моменти од средбата девојките од Унгарија беа поконцентрирани и на крај дојдоа до посакуваниот трофеј. Вардарки имаа напад за израмнување, но Андреа Чанаџија не реализираше зицер и дозволи голема радост за ракометарките на Ѓер.
Одлична на голот на Вардар денес беше Амандин Лејно со што Французинката заслужено го доби признанието за МВП играч на турнирот во Будимпешта.