Вардар го победи Горење и како лидер ќе ја заврши сезоната во СЕХА


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометарите на Вардар го победија Горење Велење на гости со 29:31 во натпревар од СЕХА.

Вардарци со погодоците на Марсениќ, Дибиров и Македа стигнаа до три погодоци предност, 3:6 во седмата минута од натпреварот.

Чупиќ и Дибиров зголемија на 4:8. Домашните направија серија од три погодоци и намалија на само еден негатива, 7:8.

Ракометарите на Вардар на таа серија на Горење одговорија со два погодоци во низа на Македа и Дибиров за водство, 7:10. Брумен и Клеч во 23-та минута погодија за 9:10.

Цехте, Овничек и Левц со три погодоци во низа му го донесоа првото водство на Горење во натпреварот, 13:12. До крајот на првото полувреме погоди Марсениќ за нерешено после 30 минути игра, 13:13.

На почетокот на второто полувреме Цехте постигна два погодоци во низа, 15:13. На серијата на ракометарот на Горење одговори Борозан со иста мерка, 15:15.

Во 41-ва минута од натпреварот Горење имаше водство од два погодоци, 19:17. Душебаев, Дибиров и Карачиќ со три погодоци во низа му донесоа водство на Вардар, 21:22.

Со серија од по два погодоци на двата клуба резултатот беше израмнет 24:24 десетина минути пред крајот на натпреварот.

Душебав, Борозан два пати и Мораеш една минута пред крајот на натпреварот погодија за 29:31.

Тимур Дибиров со 8 погодоци го предводеше Вардар. Вуко Борозан постигна 6, Мијајло Марсениќ 4, Хорхе Македа и Данил Шишкарев по 3, Иван Чупиќ и Алекс Душебаев по 2, Игор Карачиќ,Жоан Канелјас и Мораеш по 1 погодок. Голманот на Вардар, Арпад Штербик го заврши натпреварот со 12 интервенции. Лука Митровиќ и Нејц Цехте беа најефикасни во тимот на Горење со по 6 погодоци.