Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарите на Вардар го победија Еурофарм Работник во натпревар од седмото коло со 37:19.
Битолскиот клуб даде отпор во првите 15 минути игра. Потоа Вардарци се разиграа и на полувреме заминаа со двоцифрена предност, 19:9.
Одлични беа ракометарите на Вардар и во второто полувреме и на крајот победија со 37:19. Иван Чупиќ го предводеше Вардар со 8 погодоци. Деревен и Недановски постигнаа по 6 погодоци. Кај Еурофарм Работник најмногу се истакна Филип Чурлевски со 5 погодоци.