Вардар изненаден од Победа, Шкендија моќно против Шкупи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Катастрофалниот пораз од Реал Сосиедад очигледно оставил последици врз фудбалерите на Вардар кои денес запишаа уште еден разочарувачки неуспех против прилепска Победа.

Избраниците на Чеде Јаневски претрпеа пораз во Могила откако во 77. минута Дарко Илиески донесе голема победа за условно кажано домашниот тим.

Ваквиот кикс на вардарци го искористи екипата на Шкендија која со високи 4:1 славеше против Шкупи. Головите за тетовските „црвено црни“ ги постигнаа Бесарт Ибраими, Ферхан Хасани постигна два, а автогол си постигна Бесарт Кривањева.

Работнички конечно славеше победа откако со 2:0 славеа во дерби пресметката против битолски Пелистер. Ерера и Дурански беа стрелци на погодоците за тимот предводен од Станковски.

Резултати:

ФК Скопје- Академија Пандев 1:1

Победа- Вардар 1:0

Работнички- Пелистер 2:0

Шкендија- Шкупи 4:1

Силекс- Ренова 0:0