Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Вардар во Тетово ја победија Шкендија во реванш натпреварот од полуфиналето во купот на Македонија, 0:1.
После половина час игра Ферхан Хасани и Бобан Грнчаров влегоа во конфликт и судијата им даде црвен картон на двата фудбалери. Навивачите на Шкендија скандираа исто така влегоа и на теренот, а фудбалерите на Вардар и судиите го напуштија теренот. Натпреварот продолжи после 20 минтути игра и на полувреме се замина со почетните, 0:0.
Велковски во 60-та минута од натпреварот постигна погодок за водство на Вардар. До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот, а црвено-црните победија, 0:1.
Шкендија ќе игра во финалето во купот на Македонија против Пелистер кој денес во Битола ја победи Брегалница.