Вардар поуспешен во балканското Ел Класико


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Единствениот натпревар кој се одигра во СЕХА денес беше така нареченото балканско Ел Класико помеѓу Металург и Вардар.

Ракометарите на Вардар славеа во овој натпревар минимално со 24:25.

Металург направи прв серија од 2 погодоци, но набрзина Вардар врати со 3 погодоци во серија. Домашните ракометари повторно прават серија, овој пат од 3 погодоци. Гостите повторно набрзина вратија со 4 погодоци и повторно го презедоја водството. Металург до крајот на полувремето успеа да се врати во натпреварот, 13:13. На стартот на вториот дел 3 погодоци во серија за Вардар. Металург се обидуваше да се врати во натпреварот, во еден момент успеа да израмни, но ракометарите на Вардар повторно направија голема серија, го презедоја водството и успеаа да го задржат до крајот на натпреварот, 24:25.

Младеновиќ со 6 погодоци беше најефикасен кај тимот од Автокоманда, а Талески додаде 5. Вардар до победа беше предводен од Душебаев со 7 погодоци. Дибиров постигна 6 погодоци, а Карачиќ 5 погодоци.