Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Екипата на Вардар без проблем славеше на гостувањето во Охрид во првото коло од плеј-офот во македонскиот шампионат.
„Црвено црните“ славеа со двоцифрена победа (14:27) и сосема заслужено и очекувано ги освоија првите три бода.
Раул Гонзалез имаше можност и да ротира во тимот, па така шанса добија сите играчи кои допатуваа во Охрид. И тренерот на охриѓани се реши да им даде шанса на младите играчи кои се продукт на академијата на клубот. Десетина минути рамо до рамо со европските прваци добија шанса да играат Костов, Ивановски, Андоновски, Ристески и Димитриески.
Што се однесува до листата на стрепци најпрецизен на натпреварот беше Иван Чупиќ со седум погодоци, додека кај охриѓани по три постигнаа Тасески и Јанчев.