Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Алан Пардју од денес и официјално ќе стане предводник на Вест Бромвич Албион.
Поранешниот менаџер на Кристал Палас и Њукасл ќе биде промовиран како заменик на Тони Пјулис во текот на денешниот ден на специјална прес конференција на „Хоутронс“.
Пардју водеше напредни преговори со ВБА во последните неколку денови, а денес „Скај Спортс“ пренесува дека се е готово и се чека само официјална промоција.
Тони Пјулис заработи отказ пред девет дена откако ВБА беше „растурена“ од Челси со 4:0.