Велбек можеби го одигра последниот натпревар за Арсенал, во јули ја менува средината


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Дени Велбек можеби го одигра својот последен натпревар за Арсенал затоа што напаѓачот се поврзува со заминување од клубот следното лето.

„Скај Спортс“ пренесува дека „Топчиите“ не планираат да му понудат нов договор на 28 годишниот поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Велбек и онака не добиваше многу шанса во првиот тим на Арсенал, па така речиси сигурно ќе си замине во летниот преоден рок и тоа како слободен агент.