Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Поранешниот играч и капитен на Арсенал, Микел Артета би можел да го наследи Арсен Венгер на клупата на „топчиите“ кога францускиот стратег ќе се одлучи за заминување од клубот.
Информациите за наводната кандидатура на Артета за тренерското столче во Арсенал во јавноста ги пласираше „Телеграф“, а поранешниот член на „топчиите“ наводно се наоѓа во најтесниот круг на потенцијални наследници на Венгер.
Венгер има договор со Арсенал уште за следната сезона и веројатно е дека наредната година ќе му биде последна на клупата на Арсенал.
Инаку, Микел Артета во моментов е еден од помошниците на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.