Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот француски тренер, Арсен Венгер, наскоро би можел повторно да седне на тренерската клупа.
Французинот го напушти Арсенал по 22 години и дојде време за нова работа, а „Дејли мејл“ тврди дека 68-годишниот Венгер е главен кандидат за нов селектор на Јапонија.
Јапонците во претходните месеци поминаа низ многу промени, а два месеци пред Светското првенство му дадоа отказ на претходниот селектор, па екипата на Мундијалот ја водеше Акиро Нишино.
Иако Јапонија успеа да ги помине групите и да ја намачи Белгија во осминафиналето (3-2), сепак реши да замине Нишино од тренерската позиција, па сега Јапонците сметаат дека Венгер ќе биде одлична замена.