Венгер не бара замена за Казорла


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер нема да бара замена за повредениот плејмејкер, Санти Казорла.

Искусниот играч ќе паузира од два до три месеци поради операцијата на скочниот зглоб, но Венгер верува дека има соодветни алтернативи во тимот.

„Нема да донесеме замена за Санти во јануари. Имаме многу играчи во средниот ред, а не е сигурно дека можеме да најдеме вистинска замена. Операцијата е секогаш лоша вест, знаете кога ќе биде направена, но и не кога играчот ќе може повторно да биде на теренот. Секогаш се обидувам да ја избегнам операцијата. Но, инјекциите не го решија проблемот, па мораше да оди на операција“, изјави Венгер.

Венгер веќе има проблеми со Жиру, Белерин, Дебуши и Мертесакер.

Во моментов Арсенал е четврти во Премиер лигата со три бода помалку од лидерот Челси, а во сабота му гостува локалниот ривал Вест Хем.