Венгер останува во Премиер Лигата


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Медиумите на Островот пренесуваат дека Арсен Венгер би можел да остане во Премиер лигата и да го наследи Сем Алрдајс на клупата на Евертон.

Од таборот на „Карамелите“ се подготвени да му платат осум милиони фунти по сезона на Венгер, плата која Французинот ја земаше и во редовите на Арсенал.

Вчера искусниот стратег изјави дека планира да ја продолжи тренерската кариера и посочи дека досега на негова адреса пристигнале повеќе понуди отколку што тој очекувал.