Венгер очекува Вилшер да остане во Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И покрај шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во редовите на Сампдорија, Арсен Венгер очекува Џек Вилшер да остане во Арсенал и следната сезона.

Вилшер минатата сезона ја помина на позајмица во редовите на Бурнемут, а тренерот на Арсенал истакна дека Англичанецот ќе мора да се бори за место во тимот на „топчиите“.

„Мислам дека Џек ќе биде во Арсенал следната сезона. Ќе ви дадам многу прецизен одговор, тој мора да работи напорно за да се врати и да се бори за место во тимот.  Штом биде подготвен, кога ќе се врати, нема да биде далеку од учество во првиот тим“- коментираше Венгер.

Покрај Сампдорија интерес за Вилшер постоеше уше од неколку други тимови во Англија и Италија.