Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер истакна дека клубов во јануарскиот преоден рок би можел да ги продаде Алексис Санчез и Месут Озил за да избегне евентуално нивно заминување од клубот, следното лето како слободни фудбалери.
Санчез и Озил се меѓу најскапо платените играчи на Арсенал, а договорите на двајцата истекуваат на крајот на сезоната. Запрашан дали може да се случи клубот да ги продаде во зимскиот преоден рок, Венгер истакна дека тоа е возможно.
„Кога сте во ваква ситуација мора да ги разгледате сите опции. Двајцата изгледаат среќно во клубот и се надевам дека ситуацијата може да доживее пресврт“- коментираше Венгер.
За Санчез сериозен интерес има од Манчестер Сити и ПСЖ, додека за Месут Озил заинтересиран е Манчестер Јунајтед.