Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер потврди дека трансферот на Алексис Санчез на „Олд Трафорд“ и на Хенрик Микитаријан на „Емирати“ би можел да се случи во следни 24 часа.
Венгер исто така потврди дека платата на Микитаријан нема да биде никаков проблем доколку размената на играчи се реализира.
„Работам на трансфери 30 години, овој трансфер веројатно ќе се случи, но во секој момент работите може да пропаднат“ –коментираше Венгер.
Французинот потоа потврди дека и Микитаријан ќе биде дел од договорот помеѓу клубовите за трансферот на Алексис Санчез кога беше запрашан дали Ерменецот ќе се пресели на „Емирати“: „Колку што знам, да. Неговата плата нема да биде проблем. Секако дека ми се допаѓа играчот. Игравме многу пати против него кога беше во Дортмунд и сигурно има квалитет кој одговара на начинот на кој ние играме“ –продолжи Венгер.
Алексис Санчез во Јунајтед ќе заработува 350.000 фунти неделна плата, а Венгер го оправда тоа потенцирајќи дека го почитува Манчестер Јунајтед затоа што си ги троши своите пари.
„Го почитувам Манчестер Јунајтед зошто парите кои ги вложуваат на играчи се од сопствени ресурси, тоа навистина е за почит“- заврши Венгер.
Денес конечно се очекува да се стави крај на целата сага околу трансферот на Алексис Санчез на „Олд Трафорд“.