Венгер потврди дека ќе тргнат по Лемар во јануари и покрај тоа што ги одби ова лето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересот на Арсенал за услугите на Томас Лемар не е завршен, потврди тренерот на „Топчиите“, Арсен Венгер.

Венгер потврди дека ќе се врати со нова понуда и покрај тоа што Томас Лемар го одби клубот во последниот ден од преодниот рок.

Арсенал испрати понуда од 92 милиони фунти во последните моменти од преодниот рок, но францускиот интернационалец ја одби и одлучи да остане во редовите на Монако. Со тоа пропадна и договорениот трансфер на Алексис Санчез во редовите на Манчестер Сити.

„Да ние испративме понуда од 100 милиони евра за Лемар но играчот сакаше да остане во Монако. Можам да потврдам дека ќе се обидеме да го потпишеме во следниот преоден рок“- коментираше Венгер.

Тренерот на Арсенал кажа дека клубот се интересирал и за Мбапе, но цената од 180 милиони евра била превисока за нив.