Венгер: Сакам да се заблагодарам на Лудогорец


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Арсен Венгер се заблагодари на бугарскиот Лудогорец по синоќешната победа над Базел.

Лондонскиот клуб во Швајцарија славеше против Базел со убедливи 4:2, а на врвот на групата А ги одведе неочекуваното реми помеѓу ПСЖ и Лудогорец.

„Сакам да се заблагодарам на Лудогорец на големиот резултат кој ни помогна да бидеме први во групата. Тоа е она што го сакавме. Против Базел игравме со многу самодоверба, бевме убедливи“, изјави Венгер.

„Поминавме понатмау, сега ќе видиме што ќе се случи во ждрепката. Без оглед на исходот, ќе направиме се што можеме за да одиме понатаму“, додаде искусниот менаџер на Арсенал.

Потенцијални ривали на Арсенал во осмина финалето во Лигата на Шампионтие се Бенфика, Баерн Минхен, Баер Леверкузен, Порто, Севиља…