Венгер сака играч за кој никој претходно не слушнал


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер ги шокира своите навивачи со играчот кој го пикираше како прво засилување за јануарскиот преоден рок.

Како што денеска објави „Скај Спортс“ од Арсенал се сериозно заинтересирани за доведување на анонимниот, 20 годишен играч на Пас Гиана, Константинос Мавропанос.

Младиот фудбалер настапува во одбраната и веќе две години ги брани боите на грчкиот клуб. Оваа сезона има одиграно 14 натпревари на кои постигнал три голови. Очигледно скаутите на Венгер се воодушевени од неговите настапи штом сакаат да го ангажираат оваа зима.