Венгер: Челси е одличен, кандидат е за титулата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лондонските тимови се наоѓаат на врвот на табелата во Премиер лигата во овој момент, а тоа се двете најконстантни екипи во сезоната, Челси и Арсенал.

Арсенал загуби само еден натпревар и тоа на отворањето на шампионатот против Ливерпул, додека Челси има врзани девет победи, што се издвои на првото место на табелата.

Свое мислење за Антонио Конте и Челси даде и Арсен Венгер.

„Тие играат многу добро и се големи кандидати за титулата. Се е многу отворено, прашањето е конзистентност“, изјави Венгер за Челси кој врза девет победи во Премиер лигата.

Ни следува „лудило“ во декември и почетокот на јануари и голем број на натпревари во Премиер лигата, доколку Челси остане непоразен и по следните 7-8 натпревари, влегува во вториот дел од првенството како голем фаворит за освојување на титулата.