Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
13-ти пат во кариерата, Венус Вилијамс успеа да стигне до 3-та рунда на Австралијан Опен.
Таа ја победи 26-годишната Фогеле со 6:3 и 6:2 и потсети на старите денови.
„Искрената љубов кон оваа игра, тоа е работа која ме држи на теренот. Ако не го сакате тоа што го правиме, не знам тогаш која корист ја има од тоа што го правите. Крајот на кариерата е нешто за што не размислувам и понатаму.“
Венус ја објасни и повредата поради која не игра во конкуренција на двојки со нејзината сестра Серена.
„Лактот и понатаму ме боли, болката е голема, но не е препорачливо да играм во двојки. Беше тоа тешка одлука, но одлука која морав да ја донесам.“
Венус во 3-то коло игра против Јингјинг, па така има реални шанси да се пласира и во 4-то коло.