До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Играчот на ПСЖ, Марко Верати ги негираше шпекулациите дека бил понуден на тимот на Барселона.
Италијанецот беше поврзуван со трансфер на „Камп Ноу“ минатото лето но на крајот сепак остана во редовите на ПСЖ.
„Прочитав дека Мино Раиола ме понудил на Барселона. Тоа е лага. Зборував со моите претставници и со директорите на клубот и тие знаат што мислам јас, па ние си сме на чисто. Одлучив да останам, опседнат сум со победување заедно со ПСЖ кој ми дозволи да се развијам како личност“ –коментираше Верати за „Газета Дело Спорт“.
Марко Верати во Пари Сен Жермен пристигна од редовите на Пескара уште во 2012 година кога започна проектот предводен од Насер Ал Келафи.















