Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Името на Марко Верати речиси во секој преоден рок се поврзува со најголемите европски клубови.
Италијанецот веќе со години е еден од најдобрите играчи на ПСЖ, а неговите игри не минуваат незабележано и прилично е долга листата клубови кои го посакуваат, меѓутоа ниту една понуда не го задоволи Верати, така и Парижаните.
Верати не би имал ништо против да потпише нов договор, па и да ја заврши својата кариера во француската престолнина.
„Најчесто не сум вклучен во преговорите. Тоа се работи за кои се грижат мојот агент и управата, но се уште ништо не сме потпишале. Не би имал ништо против да останам. Наскоро полнам 27 години, ако договориме продолжување на соработката тоа нема да биде на четири или пет години, би можел овде да ја завршам кариерата“, истакна Верати.
Пред да дојде во францускиот клуб, Верати настапиуваше за Пескара. Досега за „Светците“ одигра вкупно 265 натпревари и притоа постигна осум погодоци, а запиша и 45 асистенции.