Верати го туркаат во Интер, но тој сака во старата дама – Јувентус е помеѓу четирите најдобри клубови во светот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Кога еден ден ќе го напуштам Парис не би имал проблем да се вратам во Серија А“, изјави Верати.

Марко Верати повторно се доведува во врска со Интер, но изгледа дека друг клуб му е во срцето.

„Серија А е фантастична лига како Шпанија и Англија, така да еден ден ако го напуштам Парис ќе проценам што да направам. Денес постојат клубови кои се спремни да инвестираат како што се Интер и Јувентус. Мислам дека Јуве е еден од најдобрите четири клуба на светот и дека ќе биде уште посилен во следните три-четири години. Ако еден ден го напуштам Париз не би имал проблем да заиграм во Серија А“, изјави Верати.

„Буфон е фантастична личност. Тој знае да пронајде вистински зборови во вистински момент. Ќе имаме проблем да најдеме таков фудбалер и човек. Џиџи не разговараше со мене за Јувентус. Тој знае што сакам, а тоа е да останам во Парис“, изјави Верати.