Верати откри каде би сакал да ја продолжи кариерата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не може никој да му замери, но за тоа ќе одлучи ПСЖ, а тие се јасни.

Марко Верати го сакаат сите. Во ПСЖ имаше проблеми, пред се надвор од теренот, постојано се зборуваат приказни дека ќе замине, но тој минатата сезона го продолжи договорот.

Италијанецот дипломатски изјави дека е среќен во Париз, но дека сака да премине во Барселона.

„Тоа за мене е најдобриот клуб во светот, ако имам шанса да бирам, таму би заминал.“

Но јасно е дека нема цена, а тоа го потврди и неговиот агент.

„Во Париз за тоа не зборуваат, едноставно, тие не сакаат да го продадат Верати и не станува збор за 80 или 100 милиони евра. Верати не оди никаде!“