Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Борис Бекер, поранешниот тренер на Ѓоковиќ, го гледаше натпреварот на овие 2 тенисери во Доха. Ѓоковиќ против Вердаско спаси 5 меч топки и успеа со пресврт да стигне до победа.
„Добра борба на Новак, но Вердаско требаше да искористи една од 5 меч топки. Тоа е тенисот.“
Вердаско имаше предност од сет и брејк во вториот, а во тај брејк водеше со 6:2, но на крајот не успеа да победи во тој натпревар.
Ѓоковиќ во финалето ќе игра против Мареј од 16:00 часот.