Веселин Вујовиќ го носи Марко Нелоски во Железничар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот македонски репрезентативец, Марко Нелоски се очекува наскоро да потпише со Железничар, чиј тренер е Веселин Вујовиќ.

Овој двометраш ќе добие шанса да се врати во форма, откако претходно се соочи со многу повреди, па Вујовиќ е подготвен да му даде шанса. Притоа, Железничар би добил големо засилување во борбата за титулата во српскиот шампионат.

Балканските медиуми пишуваат дека Нелоски има во моментов мали проблеми со десното колено, па Вујо ја следи цела ситуација и наскоро ќе донесе конечна одлука.

Нелоски во кариерата има настапувано за Металург и за германски Кобург.