Вестбрук беше вистински ѕвер – Победа на Хјустон и Харден


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во минатата ноќ беа одиграни 8 натпревари на НБА паркетите. Индијана беше подобра од Бруклин со 121:109, а Пол Џорџ, Тарнер и Џеф ги уништија гостите.

Неизвесно беше во натпреварот Детроит и Шарлот, а Детроит на домашен терен победи со 115:114 со луда завршница. Нивни јунак беше Кемба Вокер кој постигна 32 поени. На другата страна Тобијас Харис постигна 25, а Џексон 22.

Торонто беше подобар од Јута со 101:93, а Кајли Лоури постигна 33 поени додека ДеРозан го следеше со 23.

Во дербито на вечерта Хјустон ја победи Оклахома со 118:116, а Вестбрук постигна 49 поени. Харден за малку ќе имаше трипл-дабл, односно тој постигна 26 поени и 12 асистенции.

Атланта беше подобра од Њу Орлеанс со 99:94, а Феникс беше подобар од Далас со 102:95.

На крајот, Портланд го победи Лејкерс со 118:109. МекКолум постигна 27, Лилард 21 поен, а на другата страна Расел постигна 22 поени.