„Вестбрук мора да биде МВП!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот кошаркар Оскар Робертсон смета дека Вестбрук мора да биде најкорисен играч во НБА лигата за оваа сезона.

„Тој млад човек е одличен кошаркар. И во овој момент покажува се што публиката сака да види. Расел ја освои цела земја, а тоа е одлично.“

Вестбрук стигна до 42 трипл-дабл во сезоната и со тоа го сруши 55 години стариот рекорд на Робертсон.

Тој смета дека Вестбрук заслужува да биде МВП.

„Луѓето треба да сфатат дека понекогаш е невозможно да се освои првенството без одредени состојки. Меѓутоа, тоа не би требало да ги намали поединечните заслуги. Без сомнеж Расел мора да биде МВП со оглед на тоа што го направи.“