Вестбрук постигна 47 поени, но понатаму оди Хјустон!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хјустон на свој терен успеа да стигне до победа од 105:99 и така да се пласира во ½-финале на Западот. Конечниот резултат беше 4:1.

Гостите брзо ја отворија средбата, па првата ¼-на ја добија со 22:16, но Хустон се врати во наредната ¼-на и ја задржа предноста до крајот на натпреварот.

Во тимот на Хјустон најдобар беше Харден. Тој постигна 34 поени, 8 скокови и 4 асистенции. Одличен беше и Вилијамс со 22 поени.

Кај Оклахома најдобар беше Вестбрук со 47 поени, 11 скокови и 9 асистенции.