Вест Хем во преговори за Чичарито


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вест Хем и Баер Леверкузен одржале разговори за трансфер на Хавиер Чичарито Ернандез.

Поранешниот играч на Манчестер  Јунајтед има откупна клаузула од 13 милиони фунти која од Вест Хем се подготвени да ја платата.

„Чеканите“ планираат да се засилат во напаѓачката линија, а изборот паднал на Чичарито кој има богато премиерлигашко искуство.

Мексиканецот пред две години направи трансфер во Баер Леверкузен од редовите на Манчестер Јунајтед, а во минатите две сезони во дресот на „Фармацевтите“ запиша 39 погодоци.