Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на Вест Хем Јунајтед потврдија дека постигнале договор со Лукас Перез кој во следните три сезони ќе го носи дресот на „Чеканите“.
Перез досега настапуваше за Арсенал, а минатата година ја помина на позајмица во Депортиво Ла Куруња.
29 годишниот фудбалер е осмо засилување за Вест Хем по Рајан Фредерикс, Лукаш Фабијански, Иса Диоп, Џек Вилшер, Андриј Јармоленко, Фабиан Балбуена и Фелипе Андерсон. Трансферот изнесува околу четири милиони фунти.
Лестер, пак го потврди трансферот на младиот хрватски интернационалец, Филип Бенковиќ кој на „Кинг Пауер“ стадионот пристигна за 13 милиони фунти.
Бенковиќ потпиша петгодишен договор со „Лисиците“ и претставува шесто засилување за тимот на Клод Пуел по Рикардо Переира, Џони Еванс, Џејмс Медисон, Дани Ворд и Рашид Гезал.
???? pic.twitter.com/Js9GpYwygm
— Leicester City (@LCFC) August 9, 2018