Вест Хем договори рекорден трансфер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скај Спортс пренесува дека од таборот на Вест Хем конечно го договориле трансферот на фудбалерот на Лацио, Фелипе Андерсон.

„Чеканите“ на италијанскиот клуб ќе му исплатат 35 милиони фунти, сума која претставува рекордна за клубот од Лондон.

25 годишниот фудбалер ќе стигне во Лондон во текот на денешниот ден пред да ги помине медицинските прегледи и официјално да стави потпис на договорот со Вест Хем.

Клубот од Лондон сериозно се засилува во пресрет на новата сезона па досега донесе неколку врвни играчи како Џек Вилшер, Андриј Јармоленко, Рајан Фредерикс и Лукаш Фабијански.