Вест Хем продолжува со нападите: Хал не се предава толку лесно!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вест Хем амбициозно тргна во преодниот рок.

Тие на мета имаат неколку одлични фудбалери и се очекуваат нивни конкретни потези како и официјални понуди.

Вест Хем се обиде да го донесе играчот на Хал, Роберт Снодграс кој сакаа да го платат 3 милиони фунти.

Во Хал не сакаа да слушнат за такво нешто, па ја одбија понудата на Вест Хем.

Во наредните денови ќе видиме дали Билиќ ќе се откаже од Снодграс или можеби сепак ќе се обиде повторно да го донесе играчот кој постигна 7 голови и 2 асистенции досега во ПЛ.