Вест Хем ќе му дозволи на Арнаутовиќ да замине за 50 милиони фунти, позната неговата замена


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека од Вест Хем му потврдиле на Арнаутовиќ дека ќе може да си замине од клубот само ако некој тим плати за него 50 милиони фунти.

Истиот медиум пренесува дека продолжуваат преговорите помеѓу претставници на „Чеканите“ и Селта Виго за трансфер на напаѓачот Макси Гомез.

Селта нема да го пушти Гомез за помала сума од 50 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Доколку Гомез пристигне во Лондон тоа ќе биде рекорден трансфер за „Чеканите“ кои досега најмногу платија за Фелипе Андерсон кој минатото лето пристигна од Лацио за сума од 35 милиони фунти.